вторник, 23 октомври 2007

Совршен десктоп

Пред неколку дена и официјално излезе Ubuntu 7.10. По најавата за голем број на новитети во Gutsy Gibbon (другото име на Ubuntu 7.10), веднаш направив upgrade од претходната верзија (7.04). Морам да признаам дека изгледа импресивно. Многу работи кои ми недостасувале претходно, па сум се обидувал да ги најдам ваму-таму сега се дел од оперативниот систем.
Оваа верзија на Ubuntu е моја најдобра препорака за сите оние кои сеуште не пробале од Linux вкусот. А, за зголемување на задоволството, подобрување на перформасите, инсталирање на препорачан (слободен) софтвер, следете ги упатствата на следниот линк. (содржината е на англиски јазик)

7 коментари:

Бојан Николов рече...

Фино изгледа. Јас користев постара верзија на Ubuntu, ама сега сум на SuSE. Некако повеќе ми лежи. :)

GoodBytes рече...

ISO-то го цицнав одма, само што излезе, арно ама празно ЦД дома да се немало ни за иљач. Имам едно риврајтабл, ама 650 мега. Баксуз си е баксуз. Изгледа, како шо ми тргнало, побрзо ќе ги дочекам порачаните два диска. :-)

На 7.04 ми правеше проблем, инсталацијата не можеше да инсталира драјвер за ЦД читачот, иако до тука успешно го читаше (инсталирањето одеше преку ЦД). Малку чудно, ама тоа е. На друга постара машина не ми инсталираше маус кој беше на COM порта.

Се надевам дека Гатси ќе има подобра хардверска поддршка, мајку му. За CD и за маус правиме муабет, не за скенер за микроскопски филмови или нешто уште поегзотично.

Фала за линкот, навистина корисно.

Анонимен рече...

GoodBytes:

не е тоа драјвер за ЦД уредот, туку имаше bug со правилата на udev кои се поправени уште во следните надоградби. apt-get update && apt-get dist-upgrade (или преку Synaptic) ќе ти го реши проблемот одма. Значи тоа во Gutsy е поправено, сем ако не налеташ на друг проблем :)

GoodBytes рече...

Не знам колку бил очигледен багот и колкава популација зафатил, ама малку е неодговорно да наштанцаш десетици илјади дискови со инсталација која не препознава најелементарни уреди и не може да продолжи (иако до тој екран си стигнал користејќи го дискот кој веќе е во драјвот). Ваков тип на баг ме асоцира на аљкаво напишан софтвер и недостаток на сериозно тестирање.

Анонимен рече...

Абе сеа преминува во мрчење ова.

Ти праќаат дискови дома такви оригинали, со слободен софтвер, можеш да го измениш, можеш да кажеш, да пријавиш баг, си го направил тоа? Можеш да го исхакираш дури, го имаш кодот, не треба да критикуваш поради недостиг кој бил присутен поради човечка грешка. Ти си програмер и знаеш дека најголем кошмар кај програмерите е барањето грешки и пропусти во програмите. А замисли па цел оперативен систем. Впрочем тоа и не беше баг со кој беа сите опфатени, еве јас на пример го немав тој проблем. Само на еден компјутер кај мој пријател го забележав и го пријавив.

Можеш да ги смениш работите, тоа е добро.

GoodBytes рече...

Не можам да ја прифатам таквата логика - оправдување/изговор може да се најде за многу работи, но сепак тоа не значи дека не треба да се побуни човек. Јас само го кажувам тоа што е право и како што се случило. Пуштање во оптек верзија на ОС кој не препознава стандардни маус и ЦД е за мене сериозен пропуст - независно дали потоа на крајниот корисник му се оставени можности да го поправи или пријави проблемот.

Главната причина зошто ГНУ/Линукс излезе од анонимност вон гик круговите е зголемената употребливост преку збогатениот кориснички интерфејс. Тоа што до пред 5 години се работеше „во црното“, сега има клик-клик интерфејс кој може да го разбере и дете. Единствен начин напред, кон поголем процент корисници, е со постојано збогатување на интерфејсот и олеснување на операциите. Во меѓувреме, при процесот на градење на тие системи треба да се применуваат најдобрите методи за развој и највисоките критериуми за квалитет.

Другото спаѓа под „аљкавост“. Јас не мрчам, јас само така знам да работам. :-)

Анонимен рече...

Ок, можда му го полниме блогот на Тони со лична дискусија. Како и да е, ти мешаш баби и жаби. Во еден момент мислев дека зборуваш за Ubuntu како ти си го воочил, во следниот помислив дека зборуваш за можноста на GNU/Linux да се рашири на Десктоп пазарот(?) односно кај Десктоп корисниците. Ако се работи за првото, како што реков имаш шанса да го смениш, можеш Gentoo да си инсталираш и можеш да си го изградиш од А-Ш и бонус од 0-9 :) И притоа ништо да не ти бега од раце. Се да е во твоја контрола.

А за ова другото пак, борбата, барем преку мојот активизам и тоа што се борам јас, не е да го доближ(ам)име GNU/Linux до сервер администраторите или како ентерпрајз решение. Затоа што нема потреба да се прави тоа. Тој веќе Е таму. Треба да обратиме внимание на промоцијата на слободен софтвер кај десктоп корисниците, каде што го нема. А патот до таму не е секогаш прав и без сопки, особено кога се работи за КОД, каде што можноста да се згреши е огромна. А и од друга страна, не се работи за Applе и Microsoft каде што програмерите прават како што ќе им биде кажано според замислата на проект менаџерите, туку се работи за заедница на програмери од кои најголем дел работат волонтерски поради тоа што тие тоа го сакаат и ги исполнува.

Пробај Gutsy :)